Франција без проблем до полуфинале на Европското првенство

Одбојкарската репрезентација на Франција и се приклучи на Словенија во полуфиналето на Европското првенство. Французите важеа за фаворити во четвртфиналната пресметка против Романија и ја оправдаа улогата со победа од 3-0.

Франција првиот сет го доби со 25-22, во вториот беше далеку поубедлива со 25-14 за Романците да пружат отпор во третиот сет (27-25), но немаа доволно сили да го ублажат поразот.

Французите противникот во полуфиналето ќе го дознаат по натпреварот помеѓу Италија и Холандија.

Се вчитува...