Франција и САД ги згазија ривалите, за финале во одбојкарската Лига на Нации

Селекцитие на САД и на Франција ќе се сретнат утревечер во големото финале од одбојкарската Лига на Нации, на завршниот турнир што се одржува во Болоња.

Американците денеска за ривал во полуфиналето го имаа светскиот првак Полска, кого неочекувано лесно го декласираа со преубедливи 3-0 во сетови. Полјаците потфрлија во завршницата од првите два сета (25-22, 25-23), за потоа третиот период да мине во апсолутна доминација на американските одбојкари и триумф со конечни 25-13.

Слично мина и второто полуфинале во кое Франција ја совлада домашната Италија со максимални 0-3 во сетови. „Аѕурите“ шансата ја пропуштија во првиот сет кога пред самиот крај имаа водство од 20-18, но на крајот го загубија со 22-25. Французите полни со самодоверба го добија вториот сет со 20-25, со што целосно го скршија отпорот на противникот, триумфирајќи во третиот со уште поубедливи 25-15.

Се вчитува...