Франција ја покажа сета сила против Швеѓаните (ВИДЕО)

Фудбалерите на Франција се пласираа во осминафиналето на Светското првенство во САД, Канада и Мексико откако вечерва во шеснаесеттина финалето славеа над Шведска со рутински 3-0.

Франција поведе со 1-0 со голот на Мбапе во 20. минута, но поради минимален офсајд погодокот беше поништен.

До крајот на првиот дел Французите имаа уште многу шанси, меѓу кои и две стативи, но фортуната ја држеше Шведска во егал (0-0) се до судиското надополнување кога Мбапе конечно успеа да го начне голот на Швеѓаните за 1-0.

Michael Olise chance against Sweden 36'
byu/Ihattaren insoccer

France [1]-0 Sweden – Mbappe 45'
byu/Green-Discussion74 insoccer

Во вториот дел Баркола во 53. минута зголеми на 2-0, додека конечните 3-0 беа дело на Килијан Мбапе кој со својот втор погодок на овој меч стигна до бројката од 18 на Мундијалите.

France [2] – 0 Sweden – Bradley Barcola goal 52'
byu/Ihattaren insoccer

Во осминафиналето Франција за противник ќе го имаат Парагвај кој вчера стигна до сензационална победа над Германија.

Се вчитува...