Франција по 16 години конечно го освои Дејвис-купот

Франција е новиот шампион на Дејвис-купот, откако „триколорите“ во големото финале по огромна битка славеа над Белгија со 3-2 во победиа. Во денешниот трет ден Французите влегоа со водство од 2-1, но ситуацијата им се искомпликува откако Цонга загуби од Гофан со 0-3 во сетови.

Во решавачкиот дуел на тренот излезе Лукас Пуиј против Стив Дарсис, при што францускиот тенисер неочекувано лесно и убедливо славеше со 6-3, 6-1, 6-0.

За Франција ова е десетта титула во Дејвис-купот во историјата на ова натпреварување, но прва по 2001 година.

Се вчитува...