Франција преку Казахстан до прв триумф во мундијалските квалификации (ВИДЕО)

Актуелниот светски шампион Франција стигна до првата победа во квалификациите за Мундијалот 2022 во Катар, откако триумфираше на гостувањето кај Казахстан со 0-2.

Османа Дембеле во 19. минута донесе водство за гостите, додека Малии со автогол во 44. минута ги постави конечните 0-2. До крајот на мечот за издвојување е и промашениот пенал на Килијан Мбапе во 75. минута.

 

 

Се вчитува...