Франција со „осумка“ и четири гола на Мбапе до Катар 2022, и Белгија обезбеди Мундијал (ВИДЕО)

Франција и Белгија обезбедија место на Светското првенство 2022 во Катар откако запишаа победи во претпоследното коло на натпреварите во Групите Д и Е.

Франција со убедливи 8-0 триумфираше против Казахстан обезбедувајќи го првото место во Групата Д. Четири гола на мечот постигна Килијан Мбапе, два запиша Бензема а по еден Рабио и Гризман за „осумка“ на Французите.

Белгија, пак, во Групата Е триумфираше со 3-1 против Естонија со головите на Бентеке, Караско и Азар.

Се вчитува...