Француска тенисерка го обвини тренерот за сексуална злоупотреба

Француската тенисерка Фиона Феро го обвини својот тренер Пјер Бутеј за сексуално злоупотребување додека била тинејџерка.

25-годишната тенисерка вели дека нејзиниот тренер споменатото кривично дело го направил во периодот од 2012 до 2015 година. Адвокатката на тренерот вели дека имало врска меѓу него и тенисерката, но дека тоа била љубовна романса и дека не постоела никаква принуда.

Феро сето ова го демантираше и вели дека на никаков сексуален однос со тренерот не се согласила. Еден од сведоците на судењето ќе биде и нејзината колешка Ализ Корне која со Бутеј соработуваше 10 години.

Се вчитува...