Французин е МВП на месец октомври во Евролигата

Кошаркарот на Жалгирис, Силван Француско е избран за најкорисен кошаркар на месец октомври во Евролигата.

Францускиот репрезентативец го предводеше литванскиот состав до учинок од шест победи и два порази со просечен индекс на корисност од 18.9, што е втор најдобар меѓу бековите во Евролигата, но тој се истакна со дабл-дабл учинокот од 23 поени и 10 асистенции во тесниот триумф над Виртус.

Се вчитува...