Фред е најголемото промашување во историјата на Манчестер Јунајтед

Бразилскиот фудбалер Фред стигна во Манчестер Јунајтед летото 2018 година од Шахтјор за сума од 60 милиони евра. Фред беше на мета на двата тима од Манчестер, но на крајот се одлучи за преселба на „Олд трафорд“. „Црвените ѓаволи“ за 26-годишникот издвоија голема сума на пари, но на крај излезе дека тоа е уште една од големите грешки во низа.

Бразилецот од доаѓањето во Јунајтед игра катастрофално, а додека на клупата беше Жозе Мурињо, тој најчесто натпреварите ги поминуваше на трибините. По доаѓањето на Солскјер, Фред добива поголема шанска во тимот, но сето тоа е залудно. Медиумите на островот објавија статистика во која точно се гледа колку е тој очаен. Последно точно додавање во просторо кон противничкиот гол Фред го имал во април годинава на натпреварот од Лигата на шампионите против Барселона. Интересното е тоа што топката лесно ја прифати Тер Штеген, но сепак се смета за додавање бидејќи Рашфорд успеа да ја допре со врвот на копачката.

Се вчитува...