Френк Лампард одлучи кој е број „1“ во Челси

Менаџерот на Челси, Френк Лампард одлучи кој ќе биде прв голман во тимот. Тој се одлучи да му верува на новото засилување Едуард Менди кој во продолжение на сезоната ќе добие предност пред очајниот Кепа. Менди беше одличен на мечот против Севилја во првото коло од Лигата на шампионите кој заврши без победник 0-0.

„Играше одлично и веќе два натпревари не прими гол. Како стојат работите тој е број „1“, но сепак за тоа место секогаш ќе има борба. Задоволен сум како одигра“, изјави Лампард. 

Едуард Менди на „Стенфорд бриџ“ премина од редовите на францускиот Рен за сума од 24 милиони евра.

Се вчитува...