Фросиноне прави чуда во Серија А, падна и Комо

Екипата на Фросиноне е најпријатно изненадување на стартот од сезоната во Серија А, денеска ја оствари третата победа во петтиот натпревар во италијанскиот шампионат.

Пред своите гледачи, Фросиноне со 2:0 славеше над екипата на Комо со кого се израмни на табелата, и двете екипи имаат по 10 освоени бодови.

Домаќините поведоа уште во 14-та минута со првиот гол во сезоната на Џакомо Кало.

Во последните моменти од првото полуврем, Грузиецот Квернадзе со третиот гол сезонава ја завери победа на Фросиноне.
Во следното шесто коло во Серија А, Фросиноне ќе му гостува на Наполи, додека Комо го пречекува лидерот на табелата, Рома.

Се вчитува...