Фудбал под максимални здравствени протоколи… Надежите го „скршија“ интернационалниот „мраз“! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Младите македонски фудбалери, по една година пауза, се први кои го вратија интернационалниот фудбал во Македонија. По повеќе од една година прв интернационален фудбалски натпревар на територијата на Македонија.

Натпреварот од квалификациите за ЕП 2020 со Шпанија, во Групата 6, во моментов минува под максимални здравствени протоколи како заштита од коронавирусот. Без публика, без присуство на резервните фудбалери на клупите на терен, со ограничен број на новинари и фоторепортери на нашиот најголем стадион…, но со максимална желба кај избраниците на Благоја Милевски да се изненадат Шпанците.

 

 

Се вчитува...