Фудбалер на Нотингем ги шокираше со изјава соиграчите и целата англиска јавност

Џо Лолеј е крилен фудбалер на Нотингем Форест кој од страна на навивачите доби награда за најдобар играч во сезоната 2018/2019.

Лолеј доби престижна награда, но за разлика од сите кои за слични признанија се заблагодаруваат на тимот, играчот на англискиот тим шокираше со својата објава…

„Искрено сакам да кажам дека не сакам да се заблагодарам за оваа награда на ниту еден мој соиграч. Но, ова е само мое индивидуално признание. Губитници“ – напиша 26-годишниот крилен офанзивец кој не заборави, пак, да се заблагодари на навивачи.

„Благодарам на навивачите кои гласаа за мене и благодарам за поддршката во текот на целата сезона“.

Лолеј сезонава запиша 10 гола и 11 асистенции во дресот на Нотингем кој се наоѓа на 11. место во Чемпионшиплигата.

Се вчитува...