Фудбалер на Северна Ирска го доби „најпацерскиот“ црвен картон во историјата на фудбалот (ВИДЕО)

Северна Ирска има негатива од 1-0 на полувреме на гостувањето кај фаворизираната Швајцарија во натпревар од квалификациите за пласман на Светското првенство 2022 година во Катар.

Репрезентативците на Северна Ирска ќе имаат тешка задача во второто полувреме да направат нешто повеќе бидејќи покрај негативата имаат и играч помалку. Џамал Луис го доби веројатно „најпацерскиот“ црвен картон во историјата на фудбалот.

Откако претходно веќе имаше жолт картон, фудбалерот на Њукасл се заигра при изведување на аут и главниот судија на мечот мораше да му додели втор жолт картон.

 

Се вчитува...