Фудбалерите на Астон Вила во меѓусебен судир среде натпревар… (ВИДЕО)

Во последниот натпревар од 5.коло во Премиерлигата Астон Вила и Вест Хем одиграа без голови.

Но, мечот го одбележа една неверојатна ситуација во 35. минута. Играчите на Астон Вила, Тајрон Мингс и Ел Гази се впуштија во жестока меѓусебна караница на терен. Мингс беше лут на својот соиграч, а Ел Гази не издржа без да му врати. На крајот беа разделени од соиграчите и судијата, а останаа и само со опомена.

Вест Хем е осми на табелата со осум бода, додека Астон Вила е на 17. место со четири бода.

 

Се вчитува...