Фудбалерите на Гана добро ќе се „опарат“ доколку не загубат од Хрватска

Гана се наоѓа во одлична позиција пред последното коло од гупната фаза на Светското првенство, а фудбалерите добија силен мотив пред дуелот со Хрватска.

Бизнисменот Ибрахим Махама вети значителна парична награда доколку африканската селекција оствари позитивен резултат на натпреварот против „коцкестите“. Инаку, тој е брат на претседателот на земјата, Џон Махама.

„Многу сум горд на она што го постигнавте за толку кратко време. Го составивте тимот и одигравте одлични натпревари. Покрај бонусот што го обезбедува државата, и јас имам посебен бонус за вас. Мојот бонус е многу поголем од оној што доаѓа од парите на даночните обврзници, бидејќи таму мора да се помине низ парламентарна процедура, а јас не морам. Затоа, ве молам, направете не горди и ќе бидете наградени“, изјави Ибрахим Махама.

Се вчитува...