Фудбалерите тргнаа во освојување на Гибралтар (ФОТО)

Фудбалската репрезентација на Македонија го стартува својот поход во новото натпреварување на УЕФА, Лигата на Нации. Првото искушение е да се освои Гибралтар, и според насмевките и расположението кај седуммината фудбалери кои од Скопје полетаа за Малага, а потоа ќе го продолжат патот до Гибралтар, тоа не би требало да претставува посебен проблем.

Иван Тричковски, Илија Несторовски, Елиф Елмас и Кире Ристевски од интернационалците, како и Висар Муслиу, Егзон Бејтулаи и Кристијан Тошевски од „домашните“, заедно со селекторот Игор Ангеловски и стручниот штаб, полетаа за Гибралтар. Целта е јасна, да се освојат првите три бода.

Официјално, првиот собир ќе биде директно во Гибралтар, каде ќе се приклучат и останатите повикани репрезентативци, предводени од капитенот Горан Пандев, кој синоќа беше стрелец на погодок во Серија А. Стрелци беа и Стефан Спировски и Бобан Николов во Унгарија, и тоа може само да го радува селекторот Ангеловски пред овие репрезентативни настапи.

Македонина му гостува на Гибралтар на 6.септември, а три дена подоцна на домашен терен ја пречекуваме Ерменија.

Се вчитува...