Фудбалот е фер – игра: Лидс даде ’нечесен’ гол, па и пушти на Астон Вила веднаш да возврати (ВИДЕО)

Фудбалот е фер – игра, барем во Англија. Езгјан Алиоски не играше поради операцијата на менискусот, но мечот меѓу Лидс Јунајтед и Астон Вила ќе биде запаметен како антологиски.

Лидс Јунајтед постигна додека еден противнички фудбалер лежеше повреден на теренот, а потоа менаџерот Марсело Биелса им нареди на своите фудбалери да им пуштат на ривалите да го израмнат резултатот. Астон Вила тргна од центарот и веднаш постигна гол, без отпор од противникот.

 

Се вчитува...