Фудбалот е суров: Шокиран навивач на Сити тоа добро го знае… (ВИДЕО)

Во еден од најлудите натпревари во историјата на Лигата на шампионите, Тотенхем го исфрли Манчестер сити во четвртфиналето и покрај победата од 4-3 на „граѓаните“.

Откако ВАР системот го понушти голот на Стерлинг за 5-3, менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола не можеше да верува, многу навивачи заплакаа на стадионот, но дефинитивно хит на интернет е реакцијата на навивач кој на Инстаграм ја снимаше завршницата од дуелот.

Од невидено славје до пцовки кон УЕФА и Лигата на шампионите, па се до тотално уништување на телевизорот… „Фудбалот е суров“ – објасни Гвардиола по синоќешниот натпревар.

 

Се вчитува...