Фудбалот се врати во Србија – Црвена Звезда прослави нова титула во домашниот шампионат

Црвена Звезда стигна до 31. титула откако во првиот натпревар по враќањето на фудбалот во Србија го совлада Рад на гостински терен со убедливи 0-5.

На Звезда и беше потребна победа за да ја осигура новата титула во домашниот шампионат. Победникот беше решен уште во првото полувреме во кое гостите поведоа со 0-3 со головите на Ивановиќ, Бабиќ и Вуксановиќ. Во вториот дел „точка на И“ ставија Дегенек и Вукавновиќ со својот втор гол.

За Звезда оваа титула е посебна бидејќи успеаја да ја освојат на денот кога празнуваа 29 години од освојување на трофејот во Купот на европските шампиони, кога дел од белградскиот тим беа и Дарко Панчев и Илија Најдоски.

 

Се вчитува...