Фудбалската јавност згрозена: Некогаш пијаница, а денес насилник – Фудбалер од Англија нападнал деца на улица! (ВИДЕО)

Фудбалската јавност во Англија е повторно згрозена од нов скандал кој овој пат е предизвикан од шкотскиот фудбалер, Оли Мекберни! Напаѓачот на Шефилд Јунајтед, е снимен како влегува во конфликт со мала група деца на улица кои го снимаат на телефон!

Групата момчиња го снимале Мекберни на улица, кој судејќи според снимките, изгледа како да е под дејство на алкохол. Шкотот не сакал да го снимаат, па решил да ги нападне децата.

Тој го фрлил телефонот на земја и се обидел да го скрши со ногата, а потоа физички нападнал едно од момчињата. Децата успеале да се ослободат од Мекберни набргу потоа. За потсетување, истиот фудбалер минатата година повторно го предизвика вниманието, откако тој остана без возачка дозвола една година, дури и кога плати нешто повеќе од 30.000 евра казна за возење со голема брзина под дејство на алкохол.

Тогаш Мекберни возел со „идиотска“ брзина, како што подоцна опиша полицаецот во зоната каде што е дозволено возење до 30 километри на час.

 

 

 

Се вчитува...