Фуриозни почетни 20 минути и евро-гол на Мицевски, Вардар триумфално во дербито на Втората лига (ВИДЕО)

Фудбалерите на Вардар ја добија големата дерби-пресметка од 10. коло во Втората македонска фудбалска лига, триумфирајќи со 2-1 против Воска спорт на натпреварот кој се одигра на стадионот на „Железарница“ во Автокоманда. Фуриозните почетни 20 минути од средбата, во кои „вардарци“ ги постигнаа двата гола преку Дарио Десниќ и капитенот Дарко Мицевски, беа пресудни за трите бода на црвено-црните. Воска, пак, го запиша првиот пораз сезонава во лигата.

Вардар уште во 40. секунда ја имаше првата шанса кога Христов одлично биеше, но голманот на гостите Незири одлично интервенираше. Доминацијата на „црвено-црните“ продолжи на стартот каде во првите четири минути имаа дури четири корнери, но сепак од ниту еден не успеаја да стигнат до гол за водство.

Вардар подобрата игра конечно ја материјализираше во 18. минута кога Дарио Десниќ донесе водство од 1-0. При постигнувањето на голот Десниќ доживеа повреда поради која мораше да го напушти теренот.  Само три минути подоцна Вардар стигна до водство и од 2-0 со неверојатниот погодок на Мицевски.


До крајот на првите 45 минути мируваа мрежите, што значеше дека „вардарци“ на пауза заминаа со водство од два гола.

Во второто полувреме првата посериозна шанса ја имаа гостите кои преку Фета во 57. минута го загрозија голот на Вардар, но Гачевски одлично интервенираше. Домаќините две минути подоцна возвратија, но Жоглев со глава биеше покрај голот.

Воска во второто полувреме ја презеде иницијативата со посед на топка. Сето тоа вроди со плод во 80.минута Изаир Емини со прецизен удар од пенал намали на 2-1, откако претходно главниот судија Александар Ставрев оправдано покажа на белата точка по играта со рака во домашниот шеснаесетник на вардаровиот дефанзивец Ненад Мишковски.

До крајот гостите немаа сили да дојдат барем до посакуван бод. Со најновите три бода, Вардар се искачи сега на врвот од табелата со 25 бода, во очекување на останатите натпревари, со еден бод пред Гостивар и два бода повеќе од Воска спорт.

ВТОРА ЛИГА – 10. КОЛО: 

ВАРДАР – ВОСКА 2-1

14 ЧАСОТ: 

ПЕЛИСТЕР – БЕЛАСИЦА 

КОЖУФ – ГОСТИВАР 

АРЕСИМИ – БЕСА 

ОХРИД – КАМЕНИЦА САСА 

ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА – ПЕХЧЕВО (ЛОКОМОТИВА)

БОРЕЦ – КАРАОРМАН 

УТРЕ (13 ЧАСОТ) 

ТЕТЕКС – СЛОГА ВИНИЦА 


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...