Габигол го напушти Интер и ја засили Бенфика

Бразилскиот фудбалер Габриел Барбоса, кој го носи прекарот Габигол, го напушти Интер во последните часови од летниот преоден рок и замина на едногодишна позајмица во португалскиот првак Бенфика. Раководството на овој клуб ќе има шанса и да го откупи Бразилецот по завршувањето на сезоната за сума од 25 милиони евра.

gabigol benfika

Габигол дојде во Интер како голем талент, беше најавуван како огромно засилување, меѓутоа воопшто не успеа да се наметне на „Џузепе Меаца“. Поради тоа реши да си побара нова фудбалска средина и ќе се обиде да се докаже во редовите на Бенфика.

Се вчитува...