Габијадини потпиша за Саутемптон

Италијанскиот интернационалец Маноло Габијадини го напушти Наполи и потпиша за англискиот премиерлигаш Саутемптон. Тој наредните четири и пол сезони ќе ги мине во Премиер – лигата, а раководството на Саутемптон за него на „наполитанците“ им плати 17 милиони фунти.

Габијадини не беше задоволен со статусот на резерва кој го имаше кај тренерот на Наполи, Маурицио Сари, и побара трансфер, а Саутемптон смета дека овој фудбалер може да го зголеми квалитетот во составот на Клод Пуел.

Саутемптон по 23 одиграни кола се наоѓа на 12.позиција во Премиер – лигата со 27 освоени бода.

Се вчитува...