Габриел е златната резерва на Интер

Интер дојде до значајни три бода на гостувањето во Болоња, стигнувајќи до цел плен и без помошта на својот капитен Мауро Икарди, кој го одлежуваше вториот меч од суспензијата заработена по дербито со Јувентус.

Бразилецот Габриел ја имаше улогата на „златна резерва“ на тимот на Пиоли, откако влезе во игра во 75. минута на местото на Паласио, а само шест минути подоцна ја затресе мрежата на „болоњезите“ по акцијата на Банега и асистенцијата на Д’Амброзио.

Ова е десетта победа на Интер во последните единаесет средби во Серија А, со што „нероаѕурите“ сериозно се приклучуваат во битка за првите три места, кои значат учество во ЛШ следната сезона.

Gabriel Goal HD – Bologna 0-1 Inter 19.02.2017 HD by LiveFootball28

Се вчитува...