Гачевски удри по Ангеловски: Селекторе, срамота е…

Голманот на Вардар, Филип Гачевски, жестоко го критикуваше селекторот Игор Ангеловски откако чуварот на мрежата на „црвено-црните“ не се најде на списокот на играчи за стартните натпревари од Лигата на Нации. Ангеловски реши да им даде предност на Столе Димитриевски и на Давид Митов Нилсон, што според Гачевски е само доказ за „калкулациите“ на селекторот.

„Сон на секој фудбалер е да игра за репрезентативниот дрес. Јас бев во репрезентација и верувам во оваа генерација, сигурен сум дека ќе успеат. Но, за жал имаме селектор кој се величи и изигрува дека е најдобар селектор, а луѓетo не знаат каков човек е“ – го почнува Гачевски своето обраќање преку сопствениот фејбук профил.

Целото писмо на Гачевски можете да го прочитате овде…

Се вчитува...