Гачевски во свој стил: Поздрав до Воска од „Папата“!

Вардар денеска запиша убедлива победа над Воска Спорт (2-1) во рамки на Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ).

По натпреварот, контроверзниот Филип Гачевски, не пропушти прилика да испрати провокација до противникот.

„Заслужено победивме во натпреварот, затоа што бевме поквалитетна екипа на теренот. Дадовме убави голови и ги израдувавме нашите навивачи. Секоја чест за Вардар, секоја чест за „Комитите“ кои беа нашиот 12-ти играч на овој меч. Игравме за Вардар, за Македонија, едноставно немам зборови за оваа победа. И за крај, сакам да го поздравам ривалот – поздрав од Папа-Гачевски“, изјави голманот по натпреварот.

По ваквиот исход, „црвено-црните“ се вратија на врвот на табелата.

Се вчитува...