Гакпо заминува од Ливерпул, но останува во Премиерлигата!?

Холандскиот репрезентативец Коди Гакпо се поизвесно заминува од Ливерпул, но според последните информации најверојатно останува во Премиерлигата.

Како што пренесува Фабрицио Романо, Тотенхем веќе сериозно „гризе“ за Гакпо, а преговорите наскоро би требало да влезат во клучна фаза.

Холандскиот напаѓач е една од опциите на лондонскиот клуб покрај Савињо, кој останува меѓу главните цели на Тотенхем.

Реализацијата на трансферот, во секој случај, ќе зависи од намерите на Ливерпул и посакуваната отштета. Гакпо во моментов не е на списокот на играчи на кои им е дозволено да го напуштат клубот.

Се вчитува...