Галатасарај го враќа Манџукиќ од Катар

Хрватскиот интернационалец Марио Манџукиќ се враќа на Стариот континент. Тој минатата година од Јувентус замина во Катар, но по се изгледа нема долго да се задржи во земјата која ќе биде организатор на наредниот фудбалски мундијал. Турскиот гигант Галатасарај одлучи да го доведе Манџукиќ претстојново лето, тврди весникот „Фотомач“.

Турците пишуваат дека Галатасарај е заинтересиран за квалитетен напаѓач, во опција се и Диего Коста и Марио Балотели, но во преден план сепак кај тренерот Фатих Терим е Марио Манџукиќ. Тој би требало да биде замената за Радамел Фалкао, кој се очекува да го напушти Галатасарај по завршувањето на сезоната.

 

 

Се вчитува...