Галијани: Јас сум единствениот човек на кого Ибра му се обраќаше со шефe

Златан Ибрахимовиќ игра повеќе од 15 години фудбал, тој го постигна својот 500-ти гол вчера, а во текот на својата кариера смени голем број европски клубови. За време на неговата долга кариера, најтешко му беше напуштањето на Милан во ПСЖ, во 2012 година. Тогаш една година не сакаше да му каже ниту збор на Адријан Галијани.

Тоа лето, Ибра отиде во ПСЖ со Тијаго Силва за 70 милиони евра. Од тогаш „росонерите“ паднаа во форма и освојвуање на титули, но девет години подоцна, Швеѓанецот ги враќа на врвот.

“Тоа беше финансиско прашање. Клубот имаше проблеми со билансот на состојба кои требаше да се санираат, бевме принудени да го продадеме. Сакав да не го жртвувам, но бев принуден. Тогаш тој не ми рече збор цела година. Тоа беше навистина болен период, додаде Галијани, кој има интересен прекар поради Ибра. Тој секогаш ме викаше шефе“, рече контроверзниот 76-годишник.

Од друга страна, Галијани пишува нова фудбалска приказна заедно со Силвио Берлускони. Тие го финансираат второлигашот Монца, и се на пат да го донесат овој клуб во Серија А.

Се вчитува...