Гамеиро го разбуди Атлетико во Хихон

Атлетико Мадрид по четири реми во низа на гостувањата (во Примера и во Копа дел реј), конечно успеа да стигне до цел плен, триумфирајќи попладнево на дуелот со Спортинг Хихон (1-4). Мечот наликуваше на ново реми за „јорганџиите“ се до влегувањето на Кевин Гамеиро, кој влезе во игра на местото на Фернандо Торес во 62. минута, па постигна хет-трик во последните десет минути од мечот за огромна радост на тимот на Диего Симеоне.

Караско на самиот старт од второто полувреме го доведе Атлетико во водство, Спортинг експресно израмни, но Гамеиро не дозволи нов „кикс“ на „јорганџиите“, кои се далеку од водечкиот Реал Мадрид, но ги очекува тешка битка за обезбедување на учество во ЛШ во следната сезона.

[youtube id=”wnKdIurt8NM” width=”640″ height=”380″]

[youtube id=”FjKPAtYSzoE” width=”640″ height=”380″]

[youtube id=”GEJWguZTxJ0″ width=”640″ height=”380″]

[youtube id=”OxDjoYIgtsQ” width=”640″ height=”380″]

[youtube id=”Me4XNYhGbhw” width=”640″ height=”380″]

Се вчитува...