Гарсија испиша историја – нова кралица на Синсинати

Каролин Гарсија испиша историја станувајќи прва тенисерка што успеала преку квалификации да стигне до трофеј на турнир од ВТА 1000 серијата, закитувајќи се со титулата во Синсинати по финалната победа над Петра Квитова.

Таа во изминатите девет дена одигра осум меча во Синсинати, мина две квалификациски рунди, а потоа ги збриша противничките на главниот турнир на патот до големиот трофеј. За противничка во големото финале ја имаше Петра Квитова, финален дуел што исто така е историски – прв во Синсинати во кој ниту една од финалистките не беше носителка, но Гарсија знаеше како да ја мине и оваа пречка, триумфирајќи со 2-0 во сетови (6-2, 6-4).

Гарсија одигра фантастично кога беше најважно, спаси осум брејк шанси на противничката, додека на спротивната страна таа искористи три од вкупно четирите можности за брејк што ги имаше.

Се вчитува...