Гарсија: Ми се допаѓа Скопје, се надевам на успешна сезона со МЗТ

Новото засилување на МЗТ Скопје, Ерик Гарсија полека се навикнува на престојот во Скопје. Вели дека досега му се допаѓа од она што го посетил во метрополата и Македонија, мило му е што тренерите и новите соиграчи му помагаат да се адаптира. Американецот истакна дека Јадранската лига е доста квалитетна од она што можел да забележи, но исто така знае дека ќе биде тешко и во домашното првенство.

„Засега ми се допаѓа Скопје, барем од она што можев да видам. Сите тренери и соиграчи се добри со мене, и ми помагаат што побрзо да се адаптирам тука. Од кога пристигнав се чувствувам удобно тука, иако не знаев каде точно ќе дојдам да играм. Од неколку фотографии и информации од интернет добив првична слика за ова место, но сега кога сум тука уживам во секој момент. Се надевам дека ќе помогнам на тимот да стигне до нови успеси, а знам дека со добрата игра ќе можам и јас да напредувам како кошаркар. Можам да истакнам дека Јадранската лига е доста квалитетна и не очекуваат тешки дуели, но очекувам и конкурентна сезона и во домашното првенство“, изјави Гарсија, кој ќе ја има улогата на стартен плејмејкер во таборот на МЗТ Скопје во новата сезона.

Се вчитува...