Гасол ја поддржува Хемон, пресреќен е за Кокошков

Големата ѕвезда  на шпанската кошарка, легендарниот Пау Гасол повика НБА лигата да ги прошири видиците кон нови работи алудирајки на потенцијалниот ангажман на Беки Хемон како прв тренер на тим во најсилната светска клупска конкуренција. Гасол беше меѓу првите кои отворено застана на страната на прогресот. Шпанецот го поздравува и изборот на Феникс да го ангажират првиот европски тренер во лигата.

„Мислам дека е одлично тоа што Кокошков ќе биде тренер на Санс. Морам да кажам дека ова за мене е специјално. Пред 17 години кога бев избран луѓето велеа дека не можеш да земеш Европеец како трет на драфтот. Тврдеа дека треба да се одбере некој со инстинкт на убиец, а дека ние од Европа сме меки. Сега гледаме дека играчите од Европа се постојано високо на драфтот. Еве оваа година доаѓа Лука Дончиќ и дури можеби ќе биде и прв пик“ – напиша Гасаол.

Пау Гасол, НБА кариерата ја почна во Мемфис, потоа настапуваше за Лос Анџелес Лејкерс, за Чикаго, а од 2016 е дел од Сан Антонио. Тој е има две НБА титули и е четирикратен Олстар-играч.

Се вчитува...