Гасол: Токио е моја награда, секој медал треба да се цени

Легендарниот шпански центар Пау Гасол вели дека неговото учество на Олимписките игри е награда за работата што ја вложи за да се опорави од повредата на стапалото.

Гасол ја заврши сезоната зад нас во Барселона, со која го освои домашното првенство. Сега го чека петтото учество на Олимписките игри.

„После сè што минав, повреди и долги закрепнувања, ва е голема награда, одличен подарок, затоа се обидувам да уживам секој ден на теренот со моите соиграчи“, изјави 40-годишниот Гасол за шпанската новинска агенција ЕФЕ.

Во моментов Гасол има две олимписки сребрени и една бронза во својата кариера.

„Бевме конкурентни во двете финалиња со Американците, а она во Пекинг беше понеизвесно. Игравме со извонредни американски играчи, но на крајот не успеавме, но остана чувството дека дадовме се’ од себе и дека не сме далеку. Никогаш не бевме тажни за тие порази. Медалите тешко се освојуваат и мора да се ценат, а бронзата во Рио беше важна“, рече Пау и додаде:

Шпанија ќе биде во групата Ц со Аргентина, Јапонија и победникот од квалификацискиот турнир во Каунас.

 

 

 

Се вчитува...