Гатузо: „Гаскоњ првиот ден во Глазгов ми се по.ра во чорапите“

Тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо во времето на карантин поради пандемијата од коронавирусот во интервју за италијанските медиуми се потсетува на времето во Глазгов Ренџерс кога мина дел од својата играчка кариера.

„Живеев во незгодниот дел на Глазгов. Таму се играше со цврст островски стил кој го обожувам затоа што таму 90 минути се трча во машка борба, додека во Италија поголемиот дел од фудбалерите само плачат пред судиите и играат како девојчиња. Тогаш сфатив дека всушност јас сум Шкот, ама роден во Калабрија“ – вели Гатузо.

Но, Италијанецот во новиот клуб морал да биде и низ едно „добредојде“ кое било задолжително за секој нов фудбалер. А тоа „добредојде“ и тоа како било непријатно…

„По првиот тренинг во новиот клуб излегов од под туш и почувствував ужасен мирис. Целата соблекувална смрдеше. Кога дојдов до моето шкафче, видов ужас. Чорапите ми беа полни измет, а смеата во соблекувалната откри и кој се ‘олеснал’. Беше тоа Пол Гаскоњ“ – се потсетува Гатузо.

Сепак, и таа епизода не била пречка понатака да бидат добри пријатели со Гаскоњ во времето на заеднички настап во Глазгов Ренџерс.

Се вчитува...