Гатузо: „Местенки!? Се има во фудбалот, ништо не ме изненадува…“

Тренерот на сплитски Хајдук, Џенаро Гатузо, отворено зборуваше за случувањата во хрватскиот шампионат пред последното коло од првенство кое ќе одлучува околу новиот шампион на Хрватска.

Хајдук гостува во Шибеник и се надева дека ќе победи како би се надевал на титулата. Но, за тоа на сплитските бели ќе им треба и порази во последното коло на Ријека и Динамо Загреб. Секое поинакво сценарио не им одговара.

Ова ќе биде последен натпревар за Гатузо на клупата на Хајдук.

„Не е лесно да се подготвуваш за вакви натпревари, ова е последна недела од првенството, има многу прашања околу потпишувањето маички и дресови… Многу играчи ги завршуваат своите договори, но ние направивме сè што беше потребно и подготовките поминаа нормално. Нема да биде лесно, Шибеник ќе даде се од себе, но од нас зависи да одиграме најдобро што можеме, да победиме а потоа да погледнуваме со едно око и на другите два натпревари“ – вели Гатузо, кој беше прашан и дали ќе има местење на резултати.

„Ништо не ме изненадува во фудбалот. Се е можно, но тоа се дискусии за кафулиња. Не можеме да влијаеме на тоа. Од нас зависи да си ја завршиме работата најдобро што можеме.“

Се вчитува...