Фудбалерите на Хајдук славеа со 2-1 на домашен терен против Риека во дербито на претпоследното коло во хрватскиот шампионат и со тоа ја закомпликуваа борбата за трофејот.
Херој за домашниот тим по којзнае кој пат сезонава беше македонскиот репрезентативец Александар Трајковски кој го постигна погодокот за 2-1 во 78. минута.
По мечот тренерот на „белите“, Џенаро Гатузо имаше порака за нашиот фудбалер.
„Трајковски го заслужи ова. Кога постигна гол, слободно можеше да ме испрати „каде што не треба“, со оглед на тоа што ретко играше. Имаше проблеми со повреди, но секогаш беше расположен, позитивен. Како тренер, му должам благодарност. Никогаш немав проблем со него“, изјави Гатузо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА