Гатузо: Не ми се допаѓа како Елмас реагира кога ќе му укажете на грешките, станува депримиран…

Тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо искажа огромно незадоволство од играта на својот тим на синоќешниот дуел против Гранада. Наполитанците загубија со 2-0 а како една од причините Гатузо нагласа дека тимот нема победнички карактер, а психолошката стабилност на одредени првотимци е значаен фактор околу играта на самиот меч, притоа посочувајќи го македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

„Елмас направи неколку грешки и истите му ги посочив, но потоа тој веднаш стана депримиран од тоа и комплетно падна со играта на теренот. Во фудбалот потребно е да ги ставите лошите работи на страна, да ги тргнете од своите мисли и да продолжите да мислите позитивно. Не треба да се размислува за грешката. Не ми се допадна како Елмас реагираше на тоа кога ќе му се укаже на грешките“ – истакна Гатузо, дополнувајќи дека повредите во тимот не треба да бидат изговор за поразот.

„Создадовме доста шанси и заслуживме подобар резултат, но не го остваривме поради лоши одлуки. Нема потреба да зборуваме дали имаме шанси за пресврт, наша цел треба да биде што е можно побрзо враќање на играчите. Ни недостасуваат 10 или 11 играчи поради повреди а Политано денеска имаше проблем и едвај дишеше. Нема да плачеме, потребно е да бараме солуции“ – вели Гатузо.

Се вчитува...