Гатузо: Подобро да одиш на прошетка со куче, отколку да гледаш фудбал без публика

Тренерот на Лацио, Џенаро Гатузо, имаше измешани чувства откако неговиот тим одигра нерешено 2-2 против Милан во вчерашниот натпревар од 5. коло на Серија А.

Лацио поведе со 2-0, но на крајот освои само еден бод, што го остави Гатузо задоволен од пристапот во првото полувреме, но и фрустриран поради падот во играта во вториот дел.

„Игравме премногу повлечено и тука згрешивме. Планот беше да одржуваме низок блок, но имавме потешкотии со тоа. Во второто полувреме не можевме да ја освоиме топката. Се повлековме, а не знаеме како да се браниме на тој начин. Го почувствувавме нивниот притисок и квалитет. На крајот, добро се справивме, бидејќи по двата гола примени во рок од две минути, не се распаднавме целосно. Штом ќе ја изгубиме свежината, стануваме ранливи“, изјави Гатузо.

Навивачите на Лацио го следеа тимот од тренинг-центарот „Формело“ до стадионот пред натпреварот, но повторно одлучија да го бојкотираат влегувањето на „Олимпико“.

„Луѓето овде се страсни. Не дај Боже некој да го чепне нивниот тим ќе полудат. Сите би сакале да бидат на стадионот. Фактот што не следат уште од ’Формело‘ значи дека гледаат како играчите гордо го носат овој дрес. Бев трогнат кога ги видов тие луѓе, дури и оние постарите. Фудбалот без навивачи е ср*ње. Подобро е да одиш на прошетка со кучето“, изјави Гатузо. 

Се вчитува...