Голем број македонски легенди се појавија на комеморацијата на Благоја Георгиевски – Буштур да му оддат почит на еден од најголемите кошаркари во историјата на Македонија. Поранешниот репрезентативец кој во моментов ја извршува функцијата директор во КФСМ, Тодор Гечевски се потсети на првата средба со Буштур.
„Тешко е да се зборува во вакви моменти. Место да ги славиме големите успеси во неговата кариера, сега зборуваме за него, без него крај нас. Сигурно беше голем кошаркар, така ми велат другите. Сигурно беше инспирација за цела генерација. Денеска зборувам за него како човек. Кога дознав за тажната вест се потсетив на нашата прва средба. Покрај во кошарката колеги бевме и во риболовот. Жалам што иако многу пати се договаравме никогаш не отидовме заедно. Се надевам дека сега на небото ќе дава кошеви и ќе фаќа големи риби“, изјави Гечевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА