Гедбан го продолжи договорот со Вардар за уште една сезона

Голманот Калифа Гедбан ќе остане уште една сезона во дресот на Вардар. Алжирскиот интернационалец и клубот ја активираа клаузулата според која доколку и двете страни се задоволни тој ќе остане уште најмалку една сезона во Скопје.

Тој е првиот ракометар од Алжир што станал дел од тимот на Вардар, и воопшто прв играч од Африка што играл за европскиот шампион.

Со екипата на Вардар стигна до четири трофеи сезонава, во домашното првенство, домашниот Супер куп, СЕХА Газпром лигата и ЕХФ лигата на шампионите.

Се вчитува...