„Генералката“ за младите пред квалификациите за ЕП против Словенија во Терме Чатеж

Младата репрезентација на Македонија на крајот од актуелниот месец и почетокот на јуни ќе ги има финалните подготовки пред септемврискиот старт на квалификациите за ЕП.

Селекторот Благоја Милевски, согласно планот, репрезентативниот собир ќе го подели во два дела со пријателски натпревар против Словенија закажан за 3. јуни во Терме Чатеж во Словенија.

„Репрезентативниот собир ќе го имаме на 26. мај во Скопје каде низ првиот дел од подготовките ќе биде реализиран еден вид тренинг-камп, со еден меѓусебен тест-дуел Потоа, на 30. мај заминуваме за Терме Чатеж каде ќе биде реализирана втората фаза од подготовките и на 3. јуни пријателскиот натпревар со Словенија“ – вели селекторот Милевски.

Македонија, како што е познато, во квалификациите за ЕП е во повеќе од тешка група заедно со репрезентациите на Франција, Србија, Украина, Фарски Острови и Ерменија. Квалификациите ги почнува на 2. септември на гостински терен против Франција, а на 7. септември потоа ја пречекуваме Србија во Скопје.

Се вчитува...