Генсхајмер и Волф ќе ја предводат Германија на ЕП

Селекторот на Германија, Кристијан Прокоп, денеска го објави поширокиот список од 28 ракометари на чии услуги ќе смета на претстојното ЕП што наредниот месец ќе се одржи во Хрватска. Како што е добро познато, германскиот состав е еден од противниците на Македонија во групата Ц од овој шампионат, а според списокот на Прокоп јасно е дека актуелните европски прваци се решени да сторат се за да ја одбранат круната освоена на ЕП 2015 во Полска.

Левото крило на ПСЖ, Увер Генсхајмер, и голманот на Кил, Андреас Волф, се главните ѕвезди на списокот на Прокоп, но јасно е дека силниот колектив на играчи кои се стандардни во Бундес-лигата ќе биде главна одлика на оваа репрезентација и во Хрватска.

Поради натпреварите од Бундес-лигата, Прокоп првата прозивка ќе ја има на 28 декември. Ракометарите ќе минат заедно два дена, по што ќе добијат краток одмор, па со тренинзи ќе продолжат на 2 јануари. За 5 јануари и 7 јануари се закажани двете контролни средби против Исланд, по што репрезентативците повторно ќе добијат два дена одмор. Завршните тренинзи ќе ги имаат во Берлин на 10 јануари, по што наредниот ден ќе патуваат за Загреб.

Германија ќе биде последниот противник на Макеоднија во рамките од групата Ц, натпревар што ќе се игра на 17 јануари.

СОСТАВ ГЕРМАНИЈА

ГОЛМАНИ: Силвио Хајневетер (Фуксе Берлин), Андреас Волф (Кил), Јоханес Битер (Штутгарт), Карстен Лихтлајн (Гумерсбах)

ЛЕВИ КРИЛА: Уве Генсхајмер (ПСЖ), Руне Дамке (Кил), Марсел Шилер (Гепинген)

ЛЕВИ БЕКОВИ: Фин Лемке (Мелсунген), Максимилијан Јанке (Лајпциг), Џулуис Кун (Мелсунген), Пол Друкс (Фуксе Берлин), Маријан Михалчик (Минден)

СРЕДНИ БЕКОВИ: Штефан Фат (Фуксе Берлин), Филип Вебер (Лајпциг), Тим Кнојле (Гепинген), Никлас Пиецковски (Лајпциг)

ДЕСНИ БЕКОВИ: Каи Хефнер (Хановер), Фабијан Вајде (Фуксе Берлин), Штефан Вајнхолд (Кил), Франц Семпер (Лајпциг).

ДЕСНИ КРИЛА: Патрик Грецки (Рајн-Некар Левен), Тобијас Рајхман (Мелсунген), Тим Хорнке (Лемго)

ПИВОТИ: Патрик Винчек (Кил), Хендрик Пекелер (Рајн-Некар Левен), Јаник Колбахер (Вецлар), Ерик Шмит (Фуксе Берлин), Бастијан Рошек

Се вчитува...