Генсхајмер: Раул е адутот на Македонија, а ние одиме најмалку на полуфинале

Уве Генсхајмер повторно има извонредна сезона во дресот на ПСЖ, а одличното лево крило се надева дека во ист стил ќе продолжи и во дресот на германската репрезентација за време на ЕП 2018. Тој ќе биде еден од противниците на Македонија во рамките од групата Ц во Загреб, а Генсхајмер со респект гледа на нашиот национален состав, пред се поради присуството на клупата на Раул Гонзалес.

„Раул догодина ќе ми биде тренер во ПСЖ и искрено му се радувам на неговото доаѓаме бидејќи повеќе нема да се говори на француски јазик на тајмаутите. Искрено, имам многу високо мислење за Раул, по работата со Вардар и со македонската репрезентација и јасно е дека тој ќе биде адут на нашиот противник на ова ЕП“ – истакнува Генсхајмер.

Ракометниот волшебник пред две години поради повреда не настапи во Полска на шампионатот на кој Германците стигнаа до златото.

„Тогаш бев разочаран што не играв, но тоа ми е само мотив повеќе за сега да се прикажам во уште подобро светло. Сите што ме познаваат знаат дека сум оптимист и секогаш атакувам на трофеи, така ќе биде и овојпат. Мислам дека имаме квалитет да стигнеме најмалку до полуфиналето, а таму да се бориме и за медал и за одбрана на тронот“ – порачува големиот ас Уве Генсхајмер.

Се вчитува...