Гент му зема мерка на Тотенхем, Ростов убедлив, Лион и Фиорентина со гостински триумфи

Белгискиот тим Гент, кој ја елиминира Шкендија и успеа да влезе во групната фаза од Лигата на Европа, на стартот од нокаут фазата го совлада англискиот премиерлигаш Тотенхем со 1-0. Џереми Пербет во 59.минута беше стрелец на победничкиот гол, а Тотенхем ќе има можност да возврати на реваншот на „Вајт Харт Лејн“.

Jérémy Perbet Goal vs Tottenham (1-0) by allsports0

Александре Лаказет со два гола и Тусар и Ауар беа најзаслужни за триумфот (1-4) на Лион на гости во Холандија против АЗ Алкмар. Фиорентина со голот на Бернардески обезбеди предност (0-1) пред реваншот што ќе го игра пред своите гледачи.

Рускиот Ростов е многу блиску до пласман до следната фаза, откако на домашен терен ја совлада Спарта Прага со 4-0. Мевља го отвори резултатот, а во листата на стрелците се запишаа и Полоз, Нобоа и Азмун.

Лудогорец на домашен терен загуби од ФК Копенхаген со 1-2. Анисет си постигна автогол во втората минута, а со голот на Туту гостите поведоа и со 0-2. Кешеру успеа да намали во 81.минута од средбата.

Резултати ЛЕ: Астра – Генк 2-2, АЗ Алкмар – Лион 1-4, Борусија М. – Фиорентина 0-1, Селта – Шахтјор Доњецк 0-1, Ростов – Спарта Прага 4-0, Гент – Тотенхем 1-0, Лудогорец – ФК Копенхаген 1-2, Олимпијакос – Османлиспор 0-0.

Се вчитува...