Георгина откри што ја нервира кај Роналдо: Некогаш едвај чекаме Кристијано да замине од домот!

Кристијано Роналдо има 36 години, но неговото тело зборува поинаку. Без оглед на датумот на неговото раѓање, Роналдо е еден од најдобрите фудбалери во светот, а тоа се должи пред се’ на неговата фантастична физичка состојба, режим на исхрана и строгата диета. Па, ваквиот начин на живеење, Георгина откри дека некогаш ја нервира.

КР7 јаде здраво, секој оброк е детално испланиран, а тој повеќе пати повторуваше дека не задоволен од нездравите навики на неговиот син. Особено му пречи кога ќе го види како јаде чипс или помфрит, не дозволува слатки или газирани сокови, па затоа понекогаш не е лесно да се биде дете во домот на Кристијано Роналдо. Правилата понекогаш сака да ги сруши и неговата сопруга, Родригез, која изјави дека има моменти кога сака да конзумира нездрава храна!

„Кога не е дома, ние земаме некои работи што Роналдо не ги сака или не ги конзумира. Понекогаш Кристијано јаде пица, но само еднаш во некоја седмица или месец, а после тоа, прави многу стомачни. Сакам да го изненадувам со храна што ја сака, но кога тој не е дома, сите можеме да јадеме што сакаме. Понекогаш едвај чекаме да си замине”, рече Георгина и ги насмеа сите фанови на Кристијано Роналдо.

Се вчитува...