Гереро повторно суспендиран од ЦАС

Капитенот на фудбалската репрезентација на Перу, Паоло Гереро (34) повторно е суспендиран. Судот за спортска арбитража (ЦАС) повторно го суспендира искусниот Перуанец поради позитивниот допинг тест во октомври 2017 година.

Гереро прво беше суспендиран на шест месеци. Казната потоа беше зголемена на 14 месеци, но ФИФА му дозволи да го предводи Перу на СП во Русија замрзнувајќи ја суспензијата.

Сега случајот повторно е активиран исто така и суспензијата на Гереро кој не може да обавува никакви фудбласки активности. Конечната казна ќе биде позната деновиве кога ЦАС ќе ја донесе одлуката за висината на суспензијата.

Гереро во октомври минатата година беше позитивен на допинг тестот после натпреварот со Аргентина, а наодот покажа присуство на кокаин во неговиот примерок.

Перуанецот ги отфрли сите обвиненија за употреба на наркотици, но на крај сепак ќе мора да ја одработи суспензијата која му е одредена.

Гереро пред неколку дена потпиша договор со бразилскиот Интернационал, во претходните шест години тој играше за Фламенго и за Коринтијанс.

Се вчитува...