Герет Бејл ја завршува кариерата?

Герет Бејл е подготвен да ја заврши својата кариера, објави популарниот шпански медиум ‘Ас’. Велшкиот репрезентативец моментално е на позајмица во Тотенхем и чека враќање во редовите на Реал Мадрид по крајот на сезоната, но ниту мадридскиот тим не ги сака услугите на 31-годишникот.

Мадридскиот весник пишува дека Бејл дефинитивната одлука ќе ја донесе по завршување на Европското првенство, но веќе има план за пензија. Имено, крилниот офанзивец ќе бара од Реал Мадрид да му се исплати голем дел од платата за последната година, а потоа ќе почне голферска кариера.

Велшанецот од пред неколку години го загуби интересот за фудбал, а мотивиран е само за настапи за репрезентацијата. Оваа сезона за Тотенхем настапи на 33 натпревари на кои постигна 14 гола и додаде три асистенции, бројки што се солидни, но Бејл не изгледа мотивирано да остане, туку напротив погледите се повеќе ги насочува кон збогување од фудбалот.

Се вчитува...