Герет Бејл се враќа, „голферот“ сака да игра фудбал само за Велс?

Герет Бејл се опорави од повредата и се најде на списокот на избрани фудбалери на Велс за претстојната репрезентативна програма.

Бејл е надвор од терените од септемвриската пауза, и даде три гола на Белорусија и потоа се повреди и паузираше два месеци.

Навивачите на Реал се незадоволни, го критикуваат Бејл дека игра само за Велс, а повеќе време поминува на терените за голф во Мадрид.

Сепак, Бејл најверојатно ќе биде во составот за мечот од Лигата на шампионите со Шахтјор, и за викендот против Рајо Ваљекано, па ќе има можност да се докаже и да игра на некое старо препознатливо ниво за него, барем уште овие неколку месеци.

Велшанецот е во последната година од договорот и на лето ќе го напушти Реал како слободен играч.

Се вчитува...